| четврток, 6 декември 2018 |

Совети и за постпородилниот период на страницата „Фејсбук“ „Здрава бременост“

бременсот

Со цел поголема достапност на стручни совети и информации за негата на новороденчето, како и сите важни аспекти на постпородилниот период, а со тоа и олеснување на родителската улога, на страницата на „Фејсбук“ „Здрава бременост“, креирана од Министерството за здравство, е достапна брошура „Информации и совети за новите родители“.

Брошурата е изработена од Заводот за мајки и за деца, а печатена од Институтот за јавно здравје во рамки на активностите од Програмата за активна здравствена заштита на мајки и на деца, соопшти денеска Министерството за здравство на чијашто веб-страница е достапна брошурата преку линкот  http://zdravstvo.gov.mk/broshura-so-informacii-i-soveti-za-novite-roditeli/.

Брошурата содржи стручни совети и информации за повеќе аспекти на постпородилниот период, меѓу кои: нега на новороденче, совети за правилно доење, придобивки од доење, симптоми кај новороденче за кои се препорачува да се побара медицинска помош, како и општи препораки за родители и родителска грижа.

Од наредната недела на страницата на „Фејсбук“ „Здрава бременост“ на поставените прашања во врска со постпородилниот период ќе одговараат доктори од Заводот за мајки и за деца, при Здравствен дом Скопје. За терминот во кој докторите ќе одговараат на прашања поврзани со постпородилниот период, заинтересираните ќе бидат навремено информирани на страницата на „Фејсбук“, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top