| четврток, 6 декември 2018 |

Србија има проблеми со данокот

view_image.phpВкупниот даночен дол на стопанството и граѓаните во Србија на крајот од 2012 година бил околу 1.025 милијарди динари (девет милијарди евра), од кои 356,9 милијарди е главница и 667,9 милијарди се камати, изјави вршителот на должност директор на Даночната управа на Србија, Иван Симиќ.

– Од тој износ ненаплативи се 573,6 милијарди динари долг бидејќи должниците се избришани од регистерот или се во стечај, ликвидација, постапка за приватизација, а во некои случаи се работи и за фантомски фирми или перење пари, изјави Симиќ за белградски медиуми.

Тој најави принудна наплата од април и оти Даночната управа ќе објави список на најголеми даночни должници во Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top