| четврток, 6 декември 2018 |

Бандиќ понудил три милиони евра да се брани од слобода

бандицЗагребскиот истражен судија прифатил кауција која ја понудил загребскиот градоначалник Милан Бандиќ зада се брани од слобода во антикорупцискиот случај во Хрватска тежок околу 2,7 милиони евра.

Неофицијално прифатена е кауција од 15 милиони куни, односно два милиони евра, во недвижнини на неговите пријатели. Тоа е најголемата прифатена понуда за излегување од притвор, поголема и од онаа на поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер, чии што пријатели заложија недвижнини во вредност од 12,4 милиони куни, односно 1,6 милиони евра. Бандиќ ќе остане во притвор до правосилност на одлуката, односно додека не се уплати кауцијата. Истовремено му е ставена и забрана за вршење на дејноста- градоначалник на Загреб.

Бандиќ инаку понудил кауција во недвижнини во вредност од 22,5 милиони куни односно три милиони евра, но судот одлучил дека се доволни два милиони. Истражниот судија прифатил кауција и за останатите во аферата „Аграм“, но тие се поголеми споредено со минатата одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top