| четврток, 6 декември 2018 |

Обама со указ ќе заштити пет милиони имигранти од депортација

Obama-Immigrant-Reform1.jpg_full_6001Американскиот претседател Барак Обама планира да изврши реформа во имиграциската политика на САД преку претседателски указ, со кој ќе заштити депортирање на околу пет милиони имигранти без документи.

Весникот „Њујорк тајмс“ се повикува на владини претставници, кои непосредно се запознати со намерата на претседателот. Тие изјавиле дека указот би можел да биде објавен следната недела.

Со реформата на Обама ќе им се дозволи на родителите, чии деца се американски државјани или законски престојуваат во земјата, да добијат дозвола за работа и да останат во САД. Планот на Обама предвидува да бидат воведени поголеми можности за имигрантите со познавања во областа на високите технологии. Имигранти без документи со семејни врски во САД и без криминални досијеа нема да бидат приоритет за депортација, во споредба со оние кои имаат криминални прекршоци или се сметаат како ризик за безбедноста.

Републиканците, кои од јануари ќе имаат мнозинство во Конгресот, го предупредија Обама да не презема еднострани дејствија во врска со имиграцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top