Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел најави интензивирање на воздушните напади против екстремистите на групата Исламска држава (ИД) во Ирак. Oбразложувајќи ја американската стратегија во Конгресот, истакнал дека ирачките сили се се поефикасни о коалицијата предводена од САД ќе го зајакне темпото и интензитетот на воздушната кампања против исламистичките екстремисти.
Според Хејгел борбата против ИД во Ирак и Сирија напредува, но дека американскиот народ мора да се подготви за долготрајни и жестоки судири.
– Офанзивата на ИД во деловите на Ирак е запрена, а во некои случаи ирачките, курдските и племенските сили, со поддршка на коалицијата и САД, ги натералена повлекување, нагласи Хејгел.
Меѓутоа, ИД и понатаму претставува сериозна закана за американските и сојузничките интереси, предупреди американскиот секретар за одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.