Роман Лисац, директорот на Јадранската лига е нагости во Скопје и според неофицијалните информации преговара за организација на „Фајнал-фор“ турнирот во нашиот главен град. Словенецот има проблеми со одредување на домаќинот, бидејќи кандидатите откажуваат еден по еден. Според логиката, лидерот во регуларниот дел Игокеа од Лакташи треба да биде домаќин, но таму нема услови. Во игра беа и Ниш и Крагуевац, па подоцна и тие испаднаа од трката. Лисац го посочи Белград како можен домаќин, што според него е нормален тек на работите, а градоначалникот на српскиот главен град, Џилас, најави дека не се заинтересирани. Сега проблемите се настанати и поради концертот на групата Рамштајн во „Комбак арената“ закажан на 28.април, но и поради безбедносни причини по инцидентите на завршницата од српскиот куп во Крагуевац.
Проблемите со големиот број настани во „Комбак арената“ во Белград, го исфрлија нашиот главен град, како најсериозен кандидат за организација на завршниот турнир, кој ќе се игра од 25. до 27. април.
Интересно е, што Лисац претходно изјави дека нема логика Скопје да биде домаќин, но сега веројатно се врти плочата, бидејќи избор речиси и да нема.
Официјално одлуката кој ќе биде домаќин на „Фајнал-форот“ ќе биде позната за 3 дена, на 12.март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.