Бугарската полиција денеска на преминот „Дунав мост“ на бугарско-романската граница, во камион со турски регистарски таблички, управуван од државјанин на Турција, откри сириски илегални имигранти, јави БТА.
Полицајците на граничниот премин извршиле проверка на товарниот дел од камионот со апарат „гас-аналитичар“, кој покажал високи вредности на јаглерод диоксид, по што во тој простор пронашле скриени 39 мажи и две жени.
Според документите за транспорт, камионот превезувал стакло за Чешка. Имигрантите заедно со возачот на камионот биле веднаш приведени.
Граничната полиција во градот Русе, инфоримираа дека ова е втор случај на откривање голема група на илегални имигранти на бугарско-романската граница во последниве два дена.
Вчерна на граничниот премин кај Орахово биле приведени 52 лица од Сирија, Ирак и Авганистан, кои биле скриени во специјално изработен бункер во камион, што превезувал зелка за Германија. Возачот на камионот бил кипарски државјанин.
Граничната полиција во Русе информира дека за една недела на бугарско-романската граница биле приведени вкупно 150 илегални имигранти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.