| четврток, 6 декември 2018 |

Српскиот динар повторно падна

динарСрпскиот динар денеска падна на најниско ниво во однос на еврото од почетокот на годината, при што една европска валута се менуваше за 120,3978 динари.  Народната банка на Србија (НБС) соопши дека намалување на вредноста на српскиот динар во последниве денови се должи на исплатата на дивиденди на српските компании на нивните сопственици во странство.

– Слабеењето на домашната валута е последица на влијанието, како на домашни, така и на меѓународни фактори. Депресијациските притисоци на динарот се присутни од почетокот на втората половина на годината, при што повремено се намалуваше и зајакнуваше нивниот интензитет, наведува НБС.

Според Банката, со ипслатата на дивидендите на странците се зголемила побарувачката за девизи, што влијаело на зголемување на вредноста на странските валути во однос на динарот.

НБС очекува дека спроведувањето на мерките за фискална консолидација и планираните структурни реформи, во следниот период ќе придонесат за стабилизирање на девизниот пазар во Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top