Москва нема исратено војска за поддршка на проруските сепаратисти во источна Украина, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич.
– Официјално изјавувам. Нема никакво воено присуство на наши војници на територијата на југоисточна Украина. Нема никакво воено придвижување преку граница – посочи Лукашевич. Тој го обвини Киев дека не ги исполнува обврските утврдени со Договорот за прекин на огнот од Минск.
Лукашевич предупреди дека обновувањето на воените дејствија во Украина би биле катастрофа и оти Договорот од Минск и понатаму е основа за надминување на конфликтот.
Тој апелираше до Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Украина да биде непристрасна.
Лукашевич истакна и дека Москва смета на активна соработка од страна на Киев за утрешното доставување на хуманитарна помош во југоисточна Укрина. Тој потврди дека утре на контролните пунктови „Матвеев Куриган“ и „Донецк“ ќе поминат 82 камиони со 625 тони руска хуманитарна помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.