Во познатиот ресторан Нома во Копенхаген, носител на две Мишленови ѕвезди – највисоко одликување во светот за гастрономија, затруени се 63 луѓе.
Данската Управа за ветерина и храна побара итна инспекција на објектот. Данските официјални лица за безбедност на храната бараат отстранување на недостатоци во работата и „подобро ракување со храната“ во ресторанот Нома кој трипати беше меѓу најдобрите ресторани во светот, според оценки на францускиот магазин за ресторани Гастромаг.
Труењето со храна се појавило кај 63 гости на ресторанот кои конзумирале храна во периодот меѓу 12 и 16 февруари. Засега не е излорана бактеријата причинител на труењето, јавуваат дански медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.