– Процедурата е едноставна, се купуваат картички од мобилен оператор кој нуди најевтини припрејд-пакети. Тоа се случува уште од времето кога победниците на музичките избори почнаа да се избираат преку телефонско гласање. Се договараш со некоја мобиларница да ти „позајми“ околу 100 телефона за одреден надоместок, кој се движи од 300 до 500 евра, најчесто тоа мора да бидат постари телефони зошто овие новите се многу потешки за гласање, процедурата на вадење на картичката и вклучувањето е потешко, па затоа е подобро да има постари телефони. Групите од деца, пријатели и роднини се организираат на едно место за да имаш контрола на гласањето, им даваш по 500 денари, јадење и пиење и се гласа. Ако е овозможено гласање од еден телефон повеќе од еднаш, тогаш се прави договор со други групи кои се организирани и се прави договор јас ќе ти дадам толку и толку гласа ти мене толку и толку и според мене е сѐ легално на ваков начин и кога немаше награди се испратија неколку евровизиски претставници, а и некои награди беа освоени. За сето тоа се потребни од 3 до 5 илјади евра. Порано тоа беа фрлени пари, ама за престиж и можност да се фатат спонзори се правеше сѐ, сега има зошто – вели Наков.
Од МВР, пак, велат дека тука нема ништо легално, туку дека се работи за класична измама, со што директно се оштетува буџетот на РМ, односно Министерството за култура кое ги доделува наградите.
– Имено, правилото гласи дека смее да се гласа само еднаш од еден телефон, а со организираното купување телефонски картички и гласање од нив, се прекршува законот – вели Котевски за „Република“.
Наков, кој бил на неколку евровизиски избори, тврди дека ова се случува и на Евровизија. Се купуваат припејд-картички од Германија, од Франција и се гласа. Така победил наш соседски претставник, според Наков, со купени 10.000 картички од 10 европски држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




