| четврток, 6 декември 2018 |

И Јован Јованов меѓу осомничените за местењето?

Композиторот и пејач Јован Јованов, е меѓу осомничените од групата, која преку организирано телефонско гласање се обидела да го намести победникот на „Скопскиот фестивал. Тој не е приведен бидејќи е надвор од државата.

МВР потврдува дека едно од четирите осомничени лица не е приведено.

-Со исклучок на еден од четворицата првоосомничени кој се наоѓа во странство, останатите три лица се приведени во ПС „Кисела Вода“. Со нив и со уште едно лице е извршен информативен разговор. Тие побарале присуство на бранител по што одлучиле да молчат. Извршена координација со надлежниот ЈО и по документирањето на случајот, истите се ослободени, а против нив дополнително ќе биде поднесена кривична пријава во редовна постапка – велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top