| четврток, 6 декември 2018 |

Газда на продуцентска куќа меѓу уапсените за местење на „Скопје 2014“

Еден од уапсените јавни личности од македонската естрада, кои синоќа по завршувањето на „Скопски фестивал“ биле приведени од страна на полицијата, според неофицијалните полициски извори на „Нетпрес“, е К.С., сопственик на продукциска куќа и познат скопски менаџер.

Како што претходно потврдија од МВР за „Република“, во големата полициска акција  по претрес на неколку скопски локали, на распит во полициска станица се донесени неколку лица, под сомнение дека учествувале во измама во телефонското гласање на синоќешниот „Скопски фестивал“. Полицијата при преземените мерки одзела голем број телефонски картички, со кои се верува дека се направила измама во гласањето.

Меѓу повиканите лица се наоѓале и познати личности и малолетници.

Детали тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top