На црвениот килим пред „Метрополис арена“ синоќа македонската пејачка Сара Мејс и познатиот водител Димитар Атанасовски се појавија заедно, со што, според многумина, и јавно ги потврдија гласините за нивната љубовна врска.
Ни Сара ни Димитар досега не сакаат да коментираат за тоа дали навистина се заедно.
Сара ја поврзуваа и со нејзиниот партнер од „Танц со ѕвездите“, Мишо Спасовски, кој заедно со пејачката симулираат секс во нејзиниот најнов видеоспот за песната „Намбареја“.
Фото: Aлександар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.