| четврток, 6 декември 2018 |

За 10 месеци повеќе од 1.600 барања за ин витро

in vitro 4

За 10 месеци до Фондот за здравствено осигурувањена Македонија стигнале 1.663 барања за ин витро оплодување. Од нив 1.499 се за прво дете а 164 од барањата се за второ дете.

Позитивно веќе се решени 827 од барањата за прво и 121 за второ дете. Во постапка се 658 за прво и 41 за второ дете. Одбиени се барањата на 13 подносители, а на второстепена комисија по претходно поднесена жалба се 3 барања. По добивање на ваучерот од ФЗОМ, осигуреното лице со упат од матичниот гинеколог одбира една од здравствените установи со кои Фондот има договор за БПО.

На располагање ги имаат: ПЗУ Специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство „Плодност“ од Битола, приватна болница „Аџибадем Систина“– Скопје, Општа болница РЕМЕДИКА – Скопје, Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, Специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство „Ултрамедика“ Скопје, Специјална болница по гинекологија и акушерство „Свети Лазар хоспитал“ Скопје и Поликлиника Д-р ОРГАНЏИСКИ – Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top