| четврток, 6 декември 2018 |

Taмара: Задоволна од втората награда, по не знам кој пат

Ако досега го немаше епитетот „вечно втора“, Тамара Тодевска од вчера со сигурност долго ќе го носи. Македонската пејачка и на овогодишниот „Скопски фестивал“ го освои второто место. Таа беше најдобра според странското жири, а трета според телефонските гласови, комбинација на поени кои ѝ ја донесоа втората награда, со која вели дека е многу задоволна.

– Драги мои, многу сум задоволна од оваа втора награда, по не знам кој пат. Му честитам на Даниел и сакам сите да му ја пратиме сета среќа за најдобар пласман на „Евровизија 2015“. Заслужува. Фала ви на сите што гласавте. Ве сакам многу и сум многу среќна што ве имам сите – напиша таа синоќа по завршувањето на фестивалот.

Tамара настапи со песната „Брод што тоне“, која е комплетно дело на композиторот Роберт Билбилов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top