| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина Џоли со нова фотосесија

file28114

Актерката Анџелина Џоли направила фотосесија со фотографот Марио Тестино, за новиот број на списанието „Венити  фер“.

Фотографот споделил на „Инстаграм“ две фотографии на Анџелина, облечена во бел фустан со сребрен ѓердан, а косата ѝ е со крената плетенка. Сесијата е направена во луксузен хотелски апартман, а низ прозорецот се гледа базен.

 

file28113

Пред да почнат со работата двајцата заедно појадувале на покривот на хотелот. Фотографот не успеал да се воздржи и морал да го овековечи тој момент. Тоа е другата фотографија која е споделена на „Инстаграм“. На неа Анџлеина се смешка , а до неа има чинија со појадок. Актерката е облечена во топол црна џемпер, со сосема лесна  шминката само со црн туш, а косата ѝ е крената.

file28112

Во интервјуто за списанието, Џоли признава дека не чувствува разлика по свадбата со Бред Пит, додавајќи дека е убаво што двајцата се маж и жена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top