| четврток, 6 декември 2018 |

Ивица Антевски е бизнисменот кој загина на патот Гостивар-Кичево

Ивица Антевски е најверојатно бизнисменот чие тело беше пронајдено во провалијата на магистралниот пат Гостивар-Кичево. 39-годишниот скопјанец од населбата Аеродром пред точно една недела беше пријавен за исчезнат. Постои сомнеж дека се работи за сообраќајна несреќа, поради необезбеденоста на патот и видните оштетувања на автомобилот.

Телото по наредба на јавен обвинител вчера откако беше извлечено од тешко пристапниот терен е предадено за обдукција, но сеуште не се знае колку време лежело во бездната.

Вчера беше пронајдено во состојба на распаѓање.

Случајот го пријавија вработени во Македонија пат, вчера околу 10 часот. При увидот на полициските службеници и јавниот обвинител беше пронајдена само патна исправа која припаѓала на 39 годишникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top