| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел Кајмакоски со „Лисја есенски“ оди на Евровизија: Ви благодарам за довербата во мене!(видео)

Победник на годинешниот Скопски фестивал и македонски претставник на Евровизија е Даниел Кајмакоски. Тој со песната „Лисја есенски“ доби најмногу гласови на вечерашниот фестивал. Втора беше Тамара Тодевска, а трета Еги.

Победникот на фестивалот беше определен според евровизискиот принцип на гласање по пат на телевоутинг и меѓународно стручно жири во сооднос 50 : 50 %.

Отако ја отпеа победничката песна Даниел извика: Ви благодарам за довербата во мене!

На Скопскиот фестивал беа доделени вредни парични награди, од кои едната за животно дело, којашто МРТ овојпат ја додели на Димитар Масевски , чијшто авторски и професионален кредибилитет е неодминливо поврзан со востановувањето и афирмацијата на Скопскиот фестивал, но исто така и со историјата на македонската забавна музика и музичка култура воопшто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top