Во последно време антируската хистерија на Запад расте како лавина. Бидејќи открија дека наместо подводливата либерална „росијанија“ на просторите на Евроазија неочекувано се обнови историската, традиционалната, имеријална Русија, американските и европските медиуми се полни со панични наслови за „воени подговтовки“ на Москва, се вели во авторскиот текст на писателот и публицист Константин Душенов.
Повикувајќи се на извор од воената индустрија, информативната агенција РИА новости објави дека во Русија е донесена одлука за сериско произвотство на енергетски погони независни од атмосферскиот воздух (VNEU) поради снабдување на подморниците на проектот 677 “Лада“. Успешно се завршени испитувањата, а следните испитувања ќе се прават непосредно на подморницата.
Оваа информација помина речиси незабележано, дури никој од воените набљудувачи не обрати внимание на неа. А штета! Бидејќи оваа одлука означува револуција во областа на воената подводна бродоградба.
До 2020 година рудката флота смета да добие 14 единици такви нови ненуклеарни подморници од четвртата генерација. За да можат читателите да сфатат колку новите руски подморници со VNEU суштински можат да го изменат односто на силите меѓи САД и Русија ќе наведеме еден пример. Уште кон крајот на 2010 Вице-адмиралот Виктор Патрушев рече во интервју за РИА Новости: „Четири до шест такви подморници во потполност можат да покријат такви затворени или полузатворени акватории како што се Црното, Балтичкото или каспиското море.. Нивните предности се очигледни за секој воено поморски стручњак.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.