Најжешките ангели на „Викторија Сикрет“, Адријана Лима и Алесандра Амброзио се спремаат да полетаат кон пензија. Овогодинешната божиќна ревија на„Викторија Сикрет“,која ќе се одржи во Лондон во декември, можеби ќе биде последната за двете манекенки.
На модна писта двете манекенки ќе ги носат најскапите градници на „Викторија Сикрет“,од по 2 милиони долари. Во модните кругови се зборува дека на овој начин Адријана и Алесандра ќе се простат со„Викторија Сикрет“.
Лима прв пат ги стави крилјата на ангел на „Викторија Сикрет“ во 2000 година, а Алесандра во 2004 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




