| четврток, 6 декември 2018 |

„Фич“ го намали рејтингот на Италија со негативна прогноза

A flag is reflected on the window of the Fitch Ratings headquarters in New YorkМеѓународната бонитетна агенција „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Италија за еден степен, од А- на ВВВ+, додавајќи дека прогнозата на рејтингот на оваа земја е негативна. „Фич“ укажа и на неизвесните резултати од парламентарните избори во Италија, поради кои е малку веројатно дека во следните неколку недели ќе биде формирана стабилна нова влада.

Агенцијата нагласува и дека рецесијата во Италија е една од најдлабоките во Европа, предупредувајќи дека политичката неизвесност и идните структурни реформи, кои се под знак прашање, претставуваат ризици кои и се закануваат на реалната економија. „Фич“ предвидува дека јавниот долг на Италија, кој е меѓу најголемите во Европа, оваа година ќе достигне рекордни 130 отсто од бруто домашниот производ, во однос на претходната прогноза од 125 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top