| четврток, 6 декември 2018 |

Симеоне доаѓа на местото на Пелегрини

По низата лоши резултати, менаџерското место на Мануел Пелегрини во Манчестер Сити е на стаклени нозе, англиските медиуми шпекулираат дека тој се наоѓа пред отказ, а веќе се спомнува и можниот негов наследник.

На насловната страна на „Стар Спорт“ се најавува дека на местото на чилеанскиот стратег ќе дојде Диего Симеоне. Според пишувањата, доколку Манчестер Сити остане без трофеј сезонава, а големи се шансите за такво нешто, Пелегрини ќе добие отказ на клупата на „граѓаните“.

Англискиот шампион во моментов е на 3.мсто во Премиер лигата со дури осум бодови заостанување зад лидерот Челзи кој по 11 кола има 29 бодови.

Манчестер Сити слаби резултати постигна и во четирите рунди од Лигата на шампионите двапати одигра нерешено и двапати загуби. На табелата е последен со само два бода и со најмали шанси од конкурентите ЦСКА и Рома за пласман во следната фаза каде веќе се
наоѓа Баерн Минхен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top