Русија денеска одби да го поддржи продолжувањето на мировната мисија на Европската унија во Босна и Херцеговина и се воздржа од гласање, додека останатите земји членки на СБ на ОН гласаа за едногодишно продолжување.
Русија ставот го образложи со тоа дека граѓаните на БиХ не треба да се туркаат кон Европската унија.
Мировната мисија на ЕУФОР има за цел смирување на тензиите што се присутни по завршувањето на граѓанската војна 1992-95 година во БиХ.
Високиот претставник на ОН за Босна и Херцеговина Валентин Инцко отворено зборуваше за потребата да се промени „маѓепсаниот круг на застрашувачка политика“ и ги предупреди сите што се залагаат за отцепување дека границите нема да се менуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.