| четврток, 6 декември 2018 |

Грција го поддржува членството на Косово во ЕУ

Avramopoulos1
Грција соопшти дека го поддржува пристапот на Косово во ЕУ, иако се уште официјално не ја признала независноста на Приштина.

„Постојат голем број на различни мислења за статусот на Косово во рамките на Унијата, но, секој се согласува дека Западен Балкан имаат перспектива во ЕУ”, изјави грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос.

Тој уште истакна дека Приштина ќе отвори свое трговско претставништво во Атина, за да се промовира соработката со Косово.

„Канцеларијата нема да ја промени грчката позиција во однос на статусот на Косово. Но, пораката е дека растот е алатка за мир”, коментира министерот.

Речиси 100 држави, вклучувајќи ги САД и мнозинството од членките на ЕУ  ја признаваа етнички албанската балканска земја за независна држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top