Повторно облачно и тмурно време. Го продолжуваме трендот на по малку депресивно време. Според Метеопро во мал дел од западниот регион се очекуваат повремени и сосема слаби врнежи од дожд. Ветерот ќе биде слаб и ќе дува претежно од југоисток.
Утрото ќе биде релативно топло. Минималната температура ќе биде во границите од 7°С до 11°С.
Максимална температура околу 14°С се очекува во северната половина на земјата. Во југозападниот регион максималната ќе достигне до 14°С, Најтопло ќе биде на југоисток, каде максималната температура на воздухот ќе има вредност до 18°С.
Во скопското подрачје повторно се очекува облачно време со сосема минимални услови за повремен дожд. Минималната температура ќе има вредност околу 10°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне до 14°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


