| четврток, 6 декември 2018 |

УНХЦР: Судирите во Сирија и Ирак доведоа до егзодус на 13,6 милиони лица

irak protesti

Речиси 13,6 милиони лица се протерани или биле принудени да ги напуштат своите домови поради судирите во Сирија и Ирак, соопшти денеска директорот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) за Блискиот Исток и Северна Африка, Амин Авад.

Авад нагласи дека голем број од овие бегалци немаат засолниште во пресрет на зимата, а меѓународната заедница се оглушува пред нивните потреби.

– Сега кога зборуваме за милион раселени за само два месеци, светот едноставно останува нем, рече Авад на прес-конференција во Женева.

Според него, најголемиот број од бегалците од Сирија се сместени во Либан, Јордан, Ирак и Турција.

– Другите земји во светот, посебно европските, би требало да ги отворат своите граници (за бегалците) и да го споделат овој товар, порача Авад.

Тој нагласи дека на УНХЦР му недостигаат околу 58,5 милиони долари за згрижување на најмалку 990.000 бегалци во пресрет на зимата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top