| четврток, 6 декември 2018 |

Кавалерски гест на Путин (фото)

Рускиот претседател Владимир Путин покажа дека е голем кавалер, кога синоќа на свечена вечера во Пекинг со својот шал ја наметнал првата дама на Кина, Пенг Лијуан.

Додека кинескиот преседател Си Џинпинг разговарал со претседателот на САД, Барак Обама, кој бил од неговата десна страна, првата дама на Кина разговарала со Путин. Кога забележал дека на сопругата на кинескиот претседател и студи, Путин станал и ја наметнал со шал преку рамената. Тоа го забележелале камерите на кинеската државна телевизијам, но и голем број фоторепортери.

Видео снимката, веднаш привлече големо внимание на социјалните мрежи, но по неколку часа снимката била отсранета од информативните сајтови.

Реагирале и кениските цензори, кои ја избришале од социјалнит мрежи. Своите кавалерски манири, рускиот претседател ги покажа и минатата година во Санкт Петербург, кога со ќебе ја наметна и германската канцеларка Ангела Меркел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top