Утринава околу 10 часот полициските службеници во Гостивар добиле пријава за пронајдено безживотно машко тело со оштетувања на трупот.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, за „Република“ потврди дека е пријавен таков случајот.
– Во длабока бездна во близина на сепарациите на магистралниот пат Гостивар-Кичево е пронајдено паднато возило „шкода октавија“ со скопски регистарски таблички и покрај него се наоѓало починато машко лице чиј идентитет сѐ уште не е познат. На телото имало одредени оштетувања, меѓутоа не се знае за што точно станува збор, а тоа ќе го покаже обдукцијата – рече Јосифовски.
Тој изјави дека на самото место увид вршат полициски екипи во присуство на јавен обвинител и лица од судска медицина, по што ќе бидат познати повеќе детали, а пред малку пристигнале и екипи на МВР на местото.
– Точно е дека на телото имало оштетувања, но допрва треба да се утврди дали тие се предизвикани од падот на возилото или има некоја друга причина – вели Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.