| четврток, 6 декември 2018 |

Започнa снимањето на новата детска ТВ-серија „5+ Фамилија“

petko

Во студиото на телевизијата „Телма“ започна снимањето на првата клапа на новата детска ТВ серија „5+ Фамилија“.

Детската ТВ серија „5+ Фамилија“ е во продукција на ОХО, а се реализира во соработка со Телма ТВ и со поддршка на Министерството за Информатичко Општество.

„5+ Фамилија“ е играна детска ТВ серија, која е инспирирана од познатата детска емисија „5+“. Концептот е базиран на познатиот детски лик Петко, неговите пријатели детективот Цветко и Комшо, и сите случки низ кои тие поминуваат.

petko1

Креативен директор на серијата е Пеце Талески, режисер Игор Иванов – Изи, продуцент Илија Тирицовски, директор на фотографија Наум Доксевски, сценографија Снежана Поњавиќ – Муча, костимографија Андреј Ѓорѓиевски и монтажа Шенол Мехмед. Сценаријата се на Билјана Крајчевска и Драгана Лукан Николоски.

Актерската екипа ја сочинуваат: Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Игор Ангелов, Сања Арсовска и Зоран Љутков. Во најголем број епизоди со конкретни улоги ќе гостуваат и познати личности, кои ќе служат како пример за децата со својата професија и успех кој го постигнале.

petko2

Саундтракот во серијата e збогатен со старите хитови на „5+“ продуцирани од Игор Поповски – Аудиохаус, како и преработки на антологиски македонски песни од седумдесетите и осумдесетите години, продуцирани од Мите Димовски – Студио „Тралала“, сѐ со цел да се пренесе вредното македонско музичко наследство на децата во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top