Само еден ден откако останал без работа, Американецот Ендрју Иваники добил предлог од НАСА да работи за неа во текот на три месеци. Единственото задолжение било да лежи цело време, а како награда за таа работа добил 18 илјади долари. Ендрју бил избран меѓу 25.000 кандидати и веќе три недели лежи во посебен кревет во истражувачки и тест-центар во Хјустон.
За тоа време треба да се помири со лежење со главата надолу или пак во чудни пози. Тој има посебен режим на исхрана, како и одредени мускулни активности. Му остануваат уште седум недели со сличен режим, во кој тој не станува од креветот за ништо. Целта на научниците е да ја истражува мускулната атрофија и како таа се развива, за да бидат подготвени за слична состојба кај астронаутите.
Ендрју вели дека долгото лежење е многу потешко отколку што го замислувал и се прашува дали налетал на златна можност со понудата на НАСА или е едноставно идиот, кој прави глупости за пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.