| четврток, 6 декември 2018 |

Агенти кои земаат повеќе од што заслужуваат

Бранко Геровски, Ацо Кабранов, Владимир Мичлин, Љубомир Фрчкоски, Сашо Ордановски, Борјан Јовановски… има уште некои на листата која и не е така мала…

Ова е групата новинари, политички аналитичар и политичари од земјава кои работат за секого, само не за својата земја. Некој уредник, некој политички аналитичари, сите со иста цел – да бидат фокусирани на две работи кои секако, не и носат ништо позитивно на земјава. Фокусирани се на две работи – Како да ја исплукаат земјата надвор и да го уништат нејзиниот имиџ и да ја компромитираат државата преку спорот со соседна Грција, нарушувајќи ги позициите на сопствената земја. За двете работи кои се во нивниот фокус прашањето е исто – Кому му одговара тоа? 

Приватна забава за оцрнување на земјата

 Борјан Јовановски и неговата колешка од Нова ТВ, Билјана Секуловска се “истакнаа“ на т.н. хеаринг во Европскиотпарламент на тема под наслов „Замолчувањето на медиумите во ПЈР Македонија“, во организација на Алијансата на либералите и демократите за Европа, политичка групација во ЕП. Целта беше повеќе од јасна – да се нападне сопствената земја во ЕП. Замислата беше „приватна забава“ со цел осуда на Македонија, без да се покани некој што неутрално ќе ја коментира состојбата во медиумите. Едноставно без дебата на новинари, туку дебата на лобисти на една партија. Некој работеше против сопствената земја и сопствениот народ. Вакви напади врз слободата на медиумите, поплаки за некаков режим од кој тие се жртви има милион. Секое нивно излагање пред меѓународен фактор е исти – режим, демократија, слобода на медиуми…

11
Извештај на Фридом Хаус беше направен врз основа на референци кои најголем дел се невладини организации финансирани од СОРОС кои се во Република Македонија, како и критички текстови на опозициски медиуми, но и текстови на новинарите Борјан Јовановски и Мери Јордановска кои честопати се поврзувани со СДСМ и Фондацијата Отворено Општество.

222

Дел од горенаведените медиуми и новинари кои работат за медиуми спонзорирани главно од странски организации, главно СОРОС (на чие чело стои еден од главните плукачи врз се што е македонско, Владимир Милчин) постојано се жалат за тоа дека нема слобода на медиумите, кукаат од сопствената земја. Дури и се жалеа дека ЕУ не е способна да ја согледа лошата состојба во Македонија. Се жалеа дека професионалните новинари со долгогодишно искуство се спречени да работат. Тие се повикуваа токму на извештајот на  „Фридом Хаус“,направен врз основа на текстови на новинарите што честопати се честопати поврзувани со СДСМ. Нема слобода на медиуми, а на интернет пазарот има главно портали чии уредници јавно и нескриено говорат дека ја поддржуваат опозицијата. Таков е случајот со Бранко Геровски, таков е случајот со Ацо Кабранов… 

И Лидија Димова е една од оние кои постојано се жалат на режимот, неслободата на медиумите, за некаква демократија…

Живееме во тотален медиумски мрак, притисоци, уцени, пресметки со неистомисленици. И по 69 години од победата над најрегресивното државно уредување, во Македонија денес повторно се зборува за борба за слобода, за борба за човекови права, слобода на медиуми, подобрување на меѓуетнички односи, борба за демократија – велеше таа.

444

 

 Сашо Ордановски редовен оцрнувач

Сашо Ордановски, Владимир Милчин, Лидија Димова и Рамадан Рамадани беа дел од трибина на која се жалеа дека не можат да ја срушат власта на демократски начин.  Ордановски е еден од оние кои силно поддржуваат се што е против Македонија. Со својот речник постојано се бидува да ја омаловажи и исплука Македонија надвор од нејзините граници. 

333

 Помош за грчката, штета за македонската позиција за името

Пример за антимакедонската позиција на дел од овие имиња е и помпезната најава на весникот „Слободен печат“ од пред месец дена, дека до крајот на октомври медијаторот во грчко  македонскиот спор за името ќе даде нов предлог при што беа наведени предлози според кои земјава би се нарекувала  „Република Горна Македонија“, јазикот би се нарекувал како „македонски“, а народот како „граѓани на Горна Македонија“. Во оваа пропагандно – политичка операција предводена од Бранко Геровски главниот и одговорен уредник на Слободен Печат и на порталот Плусинфо има неколку отворени прашања дури и ако се апстрахирате од политичката конотација на најавата на наводниот предлог на Нимиц. Најинтересно е како се случило токму Слободен печат да ги добие екслузивните информации но пред се како Геровски знае дека Атина се подготвува за новиот предлог. Тие што знаат во детали како со години се одвиваат преговорите за името знаат и тоа дека двете страни и Скопје и Атина во најтесен можен круг ги држат информациите за нов предлог а уште помалку луѓе знаат што тој содржи. Најлошата опција и за Геровски и за Македонија е доколку „Слободен печат“ знаеше дека нема нов предлог каков што беше објавен но сепак го пушти во оптек за да ја стави во тесно македонската страна. Во основата на документот е името „Горна Република Македонија“ и не нешто ново. Македонските и грчките медиуми го објавија овој предлог уште пред повеќе од една година кој беше потврден со изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека предлогот на Нимиц е базиран на тоа име.

444

Фрчкоски пак во една своја колумна тврдеше дека никогаш досега во преговарачкиот процес за името не станувало збор и не бил доведен во прашање идентитетот на нацијата. А уште во 2005 година признава и говори и за името на нацијата и за името на јазикот што го говориме. Во неговите тогашни изјави, тој недвосмислено се обидува да го оправда непостоењето на терминот „македонски“ во името на нацијата и чудните и неразбирливи  термини за името на јазикот. Фрчкоски за предлогот на Нимиц тогаш велеше „не можат ОН да го обезличат нашиот национален идентитет со тоа што предлагаат ’граѓани на РМ’ место Македонци, откако веќе го признаваат името на државата“.

Тој се огласи и против уставните измени, кои ги процени како спин поради познатата динамика на секој авторитарен систем кој во отсуство на вистински развој создава лажна динамика. Се пожали дека македонската состојба е застој… Се жали на диктатура… 

Плукаат врз се што е македонско, се жалат на се што се прави во Македонија. Недостига вистински аргументиран став. Се се сведува на поплаки за некаков режим, некаква диктатура и заробеност. Застануваат против секој чекор што се презема за Македонија да оди напред, работат за туѓи интереси, газат врз позицијата на Македонија… А дали овие агенти земаат повеќе од што заслужуваат?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top