Македонската претставничка на музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“, Елена Ристеска, која веќе неколку недели престојува во Белград поради шоуто, крие дека е мажена, пренесува српски „Блиц“.
Таа на снимањето на шоуто никогаш не го води сопругот Бојан Ивановски, со кого две години е во брак. Во медиумите никогаш не зборува за својот приватен живот, а и најблиските пријатели не знаат многу за тоа.
– Чуден е нејзиниот брак. Елена не го споменува сопругот воопшто, како да не постои. Во Белград живее сама во близина на Кошутњак, во стан кој ѝ го плаќаат од шоуто. Тој никогаш не доаѓа во Белград, а таа ретко оди за Скопје. Кога ќе ја прашаме за сопругот, избегнува да зборува за него – вели за „Блиц“ соработник од шоуто.
На инсистирање на репортерите на „Блиц“ да каже зошто нејзиниот сопруг ниту еднаш не дошол во Белград да ја поддржи на снимањето, им рекла дека прашањата сака да ги има на е-пошта, а за споменатата тема рекла:
– Па, тој живее во Скопје, и многу е зафатен. Се занимава со приватен бизнис. Ќе дојде во Белград да ме бодри во финалето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.