Судот пресудил Џастин Бибер да плати парична казна од 81 илјади долари и да помине терапевтски курс за потиснување на гневот.
Казната е компензација за штетите нанесени од Бибер, кој фрлал со јајца во куќата на неговиот сосед, во јануари оваа година. Терапијата за потиснување на гневот се наметнува и поради претходните негови испади, обид за претепување на полицаец, возење во пијана состојба, шлаканица удрена на папарацо и др.
Терапијата ќе трае 12 недели, а Бибер ќе ја започне веднаш за да може да ја заврши до февруари, бидејќи тогаш му претстои турнеја. Порано канадскиот поп-идол сам посетуваше психотерапевт, на инсистирање на неговата мајка, загрижена поради постојаните скандали во кои нејзиниот син се вплеткува.
Освен тоа, судиите го осудија Бибер и на 5 дена општествено корисна работа. Изведувачот веќе ја одработил пресудата во фондацијата „MusiCares“, помагајќи на музичари кои се борат со зависност од дрога. Бибер молерисувал ѕидови во канцеларијата на фондацијата и пренесувал мебел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.