Ова го вели млад кавадарчанец за Дневник, а полициски извори потврдуваат дека засилено полициско обезбедување има во Кавадарци по вчерашното трократно убиство кога кавадарчанец ги застрела родителите и сестрата на својата сопруга која покренала бракоразводна постапка.
Веднаш по убиството полицијата разговарала и со блиски роднини и пријатели и колеги на убиецот посетувајќи ги нивните домови, интересирајќи се каде биле за време на убиството, дали знаат нешто во врска со убиецот и слично.
Исто така, биле обезбедувани неколку домови во Кавадарци, за чии сопственици исто така постоел страв да не бидат нападнати. Некои од нив биле во конфликт со убиецот а други биле поврзани со бракоразводната постапка со неговата сопруга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре