| четврток, 6 декември 2018 |

Москва смрди на водород сулфид

москва

Во воздухот во Москва денеска е регистрирана висока концентрација на токсичниот гас водород сулфид, чија миризба е почувствувана во повеќе делови на градот.

Руското Министерство за вонредни состојби информира дека проблемот настанал поради дефект на филтерот на рафинеријата за нафта „Московски“.

– Миризбата на водородот сулфид не е опасна, а луѓето што не можат да ја поднесат може да ги затворат прозордите и да останат во своите домови – се наведува во соопштението на Министерството.

Но, компанијата сопственик на „Московски“, „Газпром Нефт“, негираше дека имало дефект во нејзината рафинерија.

– Информациите за хаварија во нафтената рефинерија „Московски“ се неточни. Рафинеријата работи нормално, се наведува во соопштението на „Газпром Нефт“.

Според  податоците на санитарните служби, концентрацијата на водород сулфид во делови на Москва била шест пат над максимално дозволеното ниво.

Водород сулидот е безбоен, запалив и токсичен гас, кој има миризба на расипани јајца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top