
Потпреседателот на српскиот центар за надворешна политика Драган Ѓукановиќ, оцени дека настапот на албнаскиот премиер Еди Рама, на денешната заедничка конференција за медиумите, со шефот на владата на Србија Александар Вучиќ, бил крајно неодговорен и дека има отсуство на дипломатски бон тон.
– Ова денеска што се случи на конфернецијата за медиуми не е ништо неочекувано, имајќи ги предвид ставовите на Албанија за Косово, но сепак е не одговорно, отсуството на дипломатскиот бон тон, кој мора да го има. Иако било договорено темата за Косово да не се споменува, би било подобро до тоа да не дојдеше – изјави Ѓукановиќ.
Тој рече дека и покрај навидум јасната европска официјална намера на Албанија и на нејзиниот премиер Рама, се чини како Албанија се уште дека живее во минатото и дека доцнат една деценија или две, бидејќи поставувањето на вакви прашања ги нарушува добрососедските односи.
Рама денеска на конференцијата за новинарите, ја повикал Србија да ја признае независноста на Косово, што е тоа многу од важно значење за сигурност, не само на регионот дури и на цела Европа, која може воедно да влијае на бројни стратешки проблеми на Србите и Албанците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Рама до полицијата: Политиката оставете ми ја на мене, вие бидете ефикасни
-
Рама: Мојата средба со лидерите на албанските партии нема врска со изборите
-
Уште еден круг-Еди Рама повторно истрча во патики!(видео)


