Младата македонска пејачка Сања Лефкова ужива во бременоста. Таа деновиве направи фотосесија кај познатиот фотограф Владимир Ѓоргиев. Идната мајка е облечена во креации „Нана“. Сања изгледа одлично во деветиот месец од бременоста. Вели дека ги брои денови кога ќе дојде моментот да го гушне нејзиното синче.
Во сесијата учествува и нејзиниот сопруг Димитар Христов – Мики , сопственик на ланч барот Ред кафе во Скопје. Тие веќе донеле одлука и за името на детето. Изборот е старо добро македонско име – Никола.
– Во иднина се знае какви слатки обврски ќе ме чекаат како мајка, но сепак не планирам многу да паузирам. Планирам да снимам нови песни и да се вратам назад на музичката сцена како Сања Христова. Бев активна со настапите скоро цела бременост и тоа ми даваше позитивна енергија. Имам се уште настапи кои ми се одложени за во месец декември, а во преговори сум и за настап за Нова Година – вели Сања за „Република“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.











