| четврток, 6 декември 2018 |

Српските партии должат 3,9 милиони евра

255x160_67733-novac-dinariЗа кампањата за последните парламенатрани избори во Србија, во март годинава, српските политички партии потрошиле над две милијарди динари (16,67 милиони евра), но по разни основи останале должни уште 468 милиони динари (3,9 милиони евра), покажуваат податоците на српската Агенција за борба против корупцијата.

Најголем долг, од над 1,2 милиони евра, има Либерално демократската партија, која и не успеа да го мине изборниот праг за влез во парламентот, а по неа следат Новата демократска партија (НДС) на Борис Тадиќ со долг од 900.000 евра, Обединетите региони на Србија (УРС) на Млаѓан Динкиќ со 680.000 евра и Социјалистичката партија на Србија (СРС) на шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ со 530.000 евра долг.

По изборите многу партии остана со неплатни сметки и сега ќе мораат да најдат начин да ги подимираат долговите. Дополнителен проблем за партиите претставува и тоа што српскиот Парламент се подготвува да усвои измени на законоавството со кои средствата наменети за политичките субјекти да бидат намалени за околу 35 процнети, од што најмногу ќе бидат погодени помалите партии.

Доколку се направи сооднос меѓу потрошените пари и бројот на освоени гласови, произлегува дека најголем трошок имале УРС, бидејќи за еден глас вложиле 13,8 евра. Потоа следат ЛДП со 11,4 евра за глас. НДС со 7,1 евро за глас, СПС со 5,9 и Демократската партија на Србија (ДСС) со 5,3 евра за еден глас. Владејачката Српска нпредна партија еден глас ја чинел 4,2 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top