На денешното судење за случајот „Ровер“, во кој меѓу обвинетите е и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, адвокатите на одбраната и дел од обвинетите ги даваа завршните зборови.
Во случајот „Ровер“ десетина лица се обвинети за помагање во нарачано убиство на скопјанецот Маријан Тушевски и неговиот возач Кире Јанев, кое се случи во 2001 година, во скопски Капиштец.
Судењето ќе продолжи во четврток, а завршен збор ќе има и Љубе Бошкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.