| четврток, 6 декември 2018 |

Дали пукањето на прсти е штетно или не?

pukanje prsti

Пукањето на прстите не е резервирано само за оние кои се спремаат да истепаат некого, како што често имаме прилика да видиме во филмовите. Помеѓу 24 и 54 отсто луѓе пукаат со прстите неколку пати дневно. Меѓутоа постојат и бапски приказни дека зглобовите ќе се „истрошеле“ и ќе се навлечело артритис доколку често ги пукате прстите, но артритисот е всушност воспаление на зглобовите и нема никаква врска со пукањето на прстите.

Во нашите зглобови се наоѓа синовијална течност која служи за подмачкување. Во таа течност постојат мали меурчиња воздух и всушност тие пукаат, така да тој звук не го произведуваат коските туку воздухот.

Еве како тоа функционира:

Во синовијалната течност постојат гасови како што се јаглерод диоксид, азот и кислород. Кога ќе направите чекор кој предизвикува пуцкање, вие всушност го смалувате притисокот кој постои помеѓу зглобовите, лигаментите и зглобната капсула и како последица гасовите се формираат како меурчиња кои одат во празниот простор. Тогаш зглобовите се враќаат на свое место, синовијалната течност исто така, а тоа враќање на место предизвикува пукање на меурчињата.

Значи, кога ги пукаме прстите ние всучност правиме зглобовите да се вратат на свое место, и затоа чувствуваме олеснување по тоа, а и само со растегнување на зглобовите се стимулираат нервните завршетоци па и тоа произведува дополнителна пријатна сензација.

Во едно истражување во кое учествувале 215 испитаника помеѓу 50 и 89 години е утврдено дека артритис се развил кај 18 отсто луѓе кои редовно ги пукале прстите и кај 21.5 отсто кај оние кои што тоа не го правеле. Значи не ги слушајте вашите баби, крцкајте ги прстите колку што сакате.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top