Женети, но не сакаат само жени. Многумина и покрај сопругата дома, посегнуваат по машка прегратка, машка љубов, машко галење… Момче од Србија, кое за себе тврди дека е „машка проститутка“ вели дека многу женети мажи го бараат. Со некои бил, некои ги одбивал… Но го памети и можеби најголемиот страв во животот.
– Ми пријде сопругата на познат политичар и побара од мене да имам секс со нејзиниот сопруг. Политичарот беше хомосексуалец, а иако имаше сопруга и деца со неа, тие му беа само маска пред очите на јавноста. Уживаше да ја дели постелата со други мажи. Ги знаев од весниците. Се испоставе дека тој е геј, а таа му е само покритие. Децата таа ги имала со друг маж, а тој ги признал како свои. Се исплашив бидејќи не сакав да имам ништо со него, а не смеев да кажам ниту – не. На крај се испостави дека човекот е многу привлечен, а сексот со него беше одличен. Јас сум најбараниот љубовник меѓу српските политичари. Не го сакам сексот со политичарите бидејќи честопати се несигурни во себе и се потполна споротивност од она како ги гледаме на телевизија. Си ги сакааат жените, но најчесто сакаат да ја делат постелата и со сопругата и со друг маж – вели „машката проститутка“ за српски „Курир“.
Тој збори дека дел од неговите клиенти сакаат да се облекуваат како жени и да бидат потчинети. Се случувало во една вечер да му пријдат по 5-6 мажи. Работел во елитен белградски клуб, а кога немало мобилни телефони комуникацијата одела преку некој друг, преку напишана порака на ливче или едноставно го чекале после работа.
– Јас сум бисексуалец и обожавам секс. Сакам да уживам, но да им пружам задоволство и на другите. Немам проблем да експериментирам, но не со секого. Додека живеев во Белград важев за еден од најдобрите љубовници – вели момчето.
Тој додава и дека многу мажи во Србија си ги сакаат жените, но сакаат и мажи.
Тој денес живее во една западно европска земја. Оженет е со странкиња која е, како и тој, бисексуалка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.