
Претседателот на српскиот Национален совет за соработка со Хашкиот трибунал и потпретседател на Владата, Расим Љајиќ потврди дека Воислав Шешељ утре треба да се врати во Србија.
Тој посочи дека денеска ќе се знае терминот на доаѓање на Шешељ, кој ќе пристигне со редовен лет и оти државата ќе го обезбеди авионскиот билет.
– Станува збор за преседан, бидејќи на Шешељ 12 години не му е изречена пресуда. Целта на Хашкиот трибунал е да се искористи ситуацијата со болеста на Шешељ и лидерот на радикалите да излезе од Хаг и пресудата да ја дочека во Белград – наведе Љајиќ.
Тој истакна дека српската Влада се однесувала крајно професионално и коректно во постапката со Шешељ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Каде сите брзате: Слобода Мичаловиќ се прости од Милена!
-
Шешељ нема да оди во затвор: Судот во Хаг го осуди на 10 години затвор, кои веќе ги одлежа
-
Дијамантска веридба – кога Шешељ нуди брак, тоа изгледа вака! (видео)
-
Војслав Шешељ го победи ракот: Лекарите зачудени како успеал да ги победи метастазите


