| четврток, 6 декември 2018 |

Успешно гостување на театар Комедија во Канада

Театар Комедија викендов гостуваше во Торонто, Канада.

– Театарот„Meadowvale“ беше претесен за сите оние кои беа дојдени за хит претставата „Стјуардеси“ од Марк Камолети во режија на Синиша Евтимов. Претставата беше одлично прифатена од публиката, која во најголем процент беа македонските иселеници кои живеат и работат во Торонто и неговата околина, а на крај актерите беа наградени со овации од публиката, велат оттаму.

slika opstina

Во претставата играат Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Нина Деан, Кристина Ласовска, Маја Љутков и Марија Кондовска. Комплетниот дизјан е на Илина Ангеловска, а музиката на Драган Ѓаконовски- Шпато.

Со оваа меѓународна соработка Театар Комедија ја оствари својата трета меѓународна соработка во овие две години, после учествата на фестивалите во Турција и Босна, а до крајот на годината треба да оствари гостување и во Подогорица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top