Како губењето невиност на 13 годишна возраст навистина влијае врз девојките? Една жена од Британија, која зборувала за своето животно искуство, но инсистирала да остане анонимна, ја отворила душата и открила дека тоа било една од најлошите работи што ја доживеала.
Сега, како возрасна жена, таа објаснува дека кога била млада влегла во врска со постар тинејџер, но подоцна во животот сватила дека нивното сексуално однесување било погрешно.
– Ја изгубив невиноста на 13 години. Во тоа време имав дечко кој беше полнолетен, а тој за мене беше пример за кул момче. Постојано беше излезен на забави, а имаше и мотор со кој често од училиште ме враќаше дома. Ракинувавме и се смирувавме речиси три години, а јас отсекогаш сум го опишувала како моја прва љубов. Така мислев се додека не пораснав и доживеав вистински зрела љубов. Тогаш сфатив дека се што сум имала со него било само екстремна заљубеност.
– Јас дефинитивно немав сексуални односи бидејќи сите мои пријатели имаа, тука затоа што сакав мојот дечко да остане со мене. Кога ќе се скаравме за нешто јас емоционално се распаѓав, останував во соба со денови, одбивав да јадам и бев целосно опседната со која девојка тој ќе излезе наместо со мене. Од оваа гледна точка, навистина не ми е јасно зошто така сум реагирала, но сепак, имав само 13 години, раскажува таа за Daily Mail.
– Тоа што имав односи толку млада, дефинитивно влијаеше на мене да го гледам сексот на погрешен начин. Многу години по раскинувањето со мојот прв дечко немав самодоверба и спиев само со неколку луѓе, иако ни тоа многу не го сакав. Јас едноставно не бев емотивно подготвена. Зачувајте го сексот за вистинската личност и вистинското време. Тоа е советот што можам јас да го дадам, заклучила таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.