Кога се работи за секс, некои мажи живеат во заблуда. Затоа, ако имаат намера да водат активен, сексуален живот, мораат да почитуваат некои правила и да знаат како да се однесуваат кон понежниот пол. The man објави шест правила препорачани од жените.
Ако нешто оди добро, продолжете да го правите тоа
“Не постои ништо полошо од маж во кревет кој одеднаш го менува ритамот. Ако предиграта оди во добра насока и партнерите фаќаат нежен ритам, нема потреба за промена. Не посто ништо полошо од тоа кога мажот во еден момент станува груб и брз.”
Луѓето имаат срамни влакна
“Ако од жената очекувате секогаш да биде беспрекорно избричена, тогаш подобро ви е да почнете и вие да се бричете. Размислете, потполно е необично од својата партнерка да очекувате да нема ниту едно срамно влакно.”
К*рви не постојат
“Некој кој имал преголем број на партнери за ваш вкус, не морате со него да спиете. Некој кој изневерува и лажи, тој е измамник и лажго. Таквите луѓе можат да бидат и мажи и жени, но, интересно е што во тој случај жените се нарекуваат к*рви. Што значи, тие не постојат!”
Заштитата е морална
“Немојте да се правите глупави и до последен момент да глумите дека немате кондом. Секој нормален, слободен маж, секогаш го има. Дали не го сакате или мразите да го носите, или пак верата не ви досволува, или едноставно не знаете што е, во секој случај, ако не сакате да ставите кондом, очигледно е дека не сакате да имате секс.”
Порно филмовите не се реалност
“Работите кои ги учите од порно филмовите како што се тело без влакна или возбудливи извици од неизмерно задоволство, не се реалност. Јасно ни е дека поголемиот број на мажи во текот на растењето учат сексуални трикови од порно филмовите, но, кога ќе се сретнете со вистинска жена, време е сите тие трикови да ги заборавите.”
Голем не значи секогаш и добар
“Некои мажи заради својата извонредна големина на пенисот се сметаат за “подарок од господ” за секоја жена. За ваше големо разочарувате тоа тврдење е чиста глупост. Големите пениси се понекогаш за влакно поголеми од просечните, или пак толку големи што наместо задоволство предизвикуваат болка.”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



