| четврток, 6 декември 2018 |

Кина преку „западна траса“ ќе се снабдува со руски гас

гас

Претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на Кина, Си Џинпин потпишаа денеска во Пекинг меморандум за разбирање што се однесува на т.н. „западна“ траса за испорака на руски гас на Кина.

Тој меморандум ќе овозможи склучување договор со кој Кина ќе стане најголем потрошувач на руски гас. Преку Алтај трасата Русија ќе испорачува кон Кина 30 милијарди кубни метри гас годишно. Веќе постои и „источна“ траса преку гасоводот Моќ на Сибир,  со која се испорачува гас кон Кина. Работите на тој дел од гасоводот веќе почнаа откако во мај беше склучен договор вреден 400 милијарди долари.

– Кога ќе почне испораката на гас преку западната траса, количината на испорачан гас за Кина ќе ја надмине количината гас што моментно се извезува кон Европа – изјави Алексеј Милер, генерален директор на руската енергетска компанија Гаспром.

Договорот за „западната“ траса е еден од 17 договори потпишани денеска меѓу Путин и Си, јавуваат руски медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top