| четврток, 6 декември 2018 |

Горбачов од берлин: Светот е пред нова Студена војна

25th anniversary of peaceful revolutionПо изјавата на последниот советски лидер Михаил Горбачов кој предупреди  дека на јубилејот 25 години од падот на Берлинскиот ѕид светот се соочува со нова студена војна, слични изјави дојдоа и од германската канцеларка Ангела Меркел и поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциско.

Говорејќи за време на отворањето на новиот информативен центар за падот на Берлинскиот ѕид Меркел изјави дека работите можат да се променат на подобро.

– Ова е порака за …Украина, Ирак и други места каде што се загрозени човековите права, изјави Меркел  денеска во Берлин. Според неа, падот на ѕидот покажал дека соништата можат да станат реалост и ништо не мора да остане како што е.

Во својата порака посветена на падот на Берлинскиот ѕид содржана во неделната молитва апелот на Горбачов го поддржа и папата Франциско кој го повика светот да ја шири културата на одговорност.

– Ни требаат мостови, а не ѕидови, порача поглаварот на римокатоличката црква.

Последниот советски лидер за време на одбележувањето на падот на Берлискиот ѕид заедно со лидерот на Полското синдикално движење Солидарност и претседател на Полска, Лех Валенса се меѓу главните гости на канцеларката Меркел.

Во својата изјава Горабачов порача дека светот се наоѓа пред нова студена војна.

– Крвопролевањето во Европа и на Блискиот исток кое што е резултат на недостаток на дијалог меѓу големите сили треба да е од огромна загриженост, порача Горбачов кој додаде дека според многумина новата студена војна веќе е започната.

Горбачов се смета за факторот кој со својата политика и однос кон западните сили придонел за создавање на атмосфера која доведе до пад на комунистичките режими во Источна Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top