| четврток, 6 декември 2018 |

Лондон барал од САД „превентивна“ нуклеарна војна со СССР

potsdam_conference_1945-6Поранешниот британски премиер Винстон Черчил барал во 1947 година САД да извршат нуклеарен удар врз Советскиот Сојуз. Тоа го објави денеска Мејл он Сандеј повикувајќи се на тајни документи на ФБИ.

– Според Черчил превентивен удар врз Советскиот Сојуз бил единствен начин да не се дозволи комунистите да завојуваат со Западот, наведува весникот. Според Мејл он Сандеј, СССР создал и успешно испробал прва атомска бомба во 1949 година и дотогаш бил „беспомошен“ пред евентуален нуклеарен напад.

Документот во кој имале увид од весникот, претставува извештај пишуван од агенти на ФБИ во врска со средбата во Велика Британија меѓу Черчил и сенаторот републиканец Стајлс Бриџис.

– Черчил настојуваше да го убеди претседателот Труман да изврши нуклеарен напад врз СССР, се вели во текстот. Потоа, сметал британскиот политичар кој тогаш бил лидер на опозицијата, „СССР не би биле сериозен проблем“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top