На Институтот за судска медицина-Скопје ноќеска почнаа испитувањата за утврдување на идентитетот на трупот за кој неодамна грчките здравствени власти потврдија дека е на Дениса Маркоска која во септември исчезна на бродот „Серенисима“ во водите на Егејското Море.
Директорот на Институтот Алексеј Дума денеска изјави дека сите информации кои ќе ги добијат по завршените анализи ќе бидат доставени до Министерството за здравство како барател на постапката и семејството на покојната.
– Работиме по сите стандарди и норми пропишани од Советот на Европа, Комисијата за форензика. Треба време да се спроведат испитувањата, колку ќе добиеме, ќе видиме, бидејќи телото е многу трулежно променето. Тоа ја отежнува работата, значи ќе треба време, додаде Дума.
Дениса Маркоска исчезна ноќта меѓу 12 и 13 септември од бродот „Серенисима“ каде работеше. Потрагата по неа траеше неколку недели, а на почетокот на октомври во близина на остовот Карпатос беше пронајдено мртво тело на девојка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


